Европската комисија во петок објави на колку средства од претпристапниот фонд(ИПА) ќе можат да сметаат земјите од западен Балкан и Турција во периодот 2014-2020 година. Од вкупно 11 милијарди евра, наменети за кандидатите и потенцијалните кандидати за членство, на најмногу пари може да смета Турција со 4,4 милијарди евра, потоа Србија со 1,5 милијарди, Македонија со 664 милиони евра, Албанија со 649 милиони, Косово со 645 милиони и Црна Гора со 270 милиони евра. Преостанатиот износ од 2,9 милијарди евра е наменет за прекугранични проекти и за Босна и Херцеговина, која средствата ќе ги добие подоцна заради непостоење координација во земјата. Финансиската помош ќе биде насочена на стратешките приоритети во земјите кои сакаат да се придружат на Европската унија, како и за јакнење на регионалната и територијалната соработка и инвестициите. Клучните подрачја вклучуваат владеење и реформа на јавната администрација, владеење на правото и основните права, како и поддршка на економскиот раст и конкурентноста, наведува Комисијата.
Европската комисија во петок објави на колку средства од претпристапниот фонд(ИПА) ќе можат да сметаат земјите од западен Балкан и Турција во периодот 2014-2020 година.
Од вкупно 11 милијарди евра, наменети за кандидатите и потенцијалните кандидати за членство, на најмногу пари може да смета Турција со 4,4 милијарди евра, потоа Србија со 1,5 милијарди, Македонија со 664 милиони евра, Албанија со 649 милиони, Косово со 645 милиони и Црна Гора со 270 милиони евра.
Преостанатиот износ од 2,9 милијарди евра е наменет за прекугранични проекти и за Босна и Херцеговина, која средствата ќе ги добие подоцна заради непостоење координација во земјата.
„Финансиската помош ќе биде насочена на стратешките приоритети во земјите кои сакаат да се придружат на Европската унија, како и за јакнење на регионалната и територијалната соработка и инвестициите. Клучните подрачја вклучуваат владеење и реформа на јавната администрација, владеење на правото и основните права, како и поддршка на економскиот раст и конкурентноста“, наведува Комисијата.